Спорт

Првенец за Диего Коста во дресот на Челзи

Првенец за Диего Коста во дресот на Челзи

Лондонскиот премиерлигаш Челзи забележа мининална победа од 2:1 во пријателскиот натпревар против словенечкиот прволигаш Олимпија.
Пријателскиот дуел кој беше одигран во Љубљана дефаинитивно најмногу ќе биде запаметен по дебитантскиот погодок на 40 милионското засилување на лондонскиот премиерлигаш, натурализираниот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста, а деби погодок во дресот на Челзи постигна и францускиот интернационалец, Курт Зума.
На 30. јули, Челзи ќе одигра нов пријателски натпревар но сега за противник ќе го има холандскиот прволигаш Витезе.