ФОТО: Први фотки од првиот руски џип

Корисник со име „duble13“ објави на социјалната мрежа „Инстаграм“ фотографии на теренец во чиј дизајн се забележува линија карактеристична на моделите од проектот „Кортеж“, кој опфаќа возила наменети за високи руски државни функционери.

Преоктот вклучува претседателска лимузина, теренско возило и мини комби.

Ако автентичноста на фотографиите биде потврдена, тогаш тоа ќе бидат првите снимки на идниот теренец за владејачката гарнитура на Руската федерација. Досега од проектот „Кортеж“ беа објавени само фотографии од лимузината наменета за рускиот претседател, Владимир Путин.

Минатата есен министерот за индустрија и трговија на Русија, Денис Мантуров, објави дека првиот експериментален примерок на автомобил од проектот „Кортеж“ ќе биде готов во јануари 2016 година.

Тој најави дека предсерискиот примерок ќе и’ биде предаден на…