Први фотографии: Принцезата Шарлин и принцот Алберт со бебињата

Пред 14 дена, поточно на 10 декември, принцезата Шарлин од Монако на свет донесе близнаци, девојчето Габриела и момчето Жак.

Кнежевската палата на Монако ги објави првите фотографии на гордите родители со своите новороденчиња, пренесува Дејли Меил.

Принцезата Шарлин и принцот Алберт со позираа со бибњата во раце во болницата која го носи името на Грејс Кели. Принцезата Шарлин се породила со царски рез.

Малата Габриела е една минута постара од својот брат Жак. Но, сепак, титулата иден принц на Монако ќе ја понесе Жак, во склад со законите.

princ-albert-i-sarlin-od-monaka-1419351878-52719

princ-albert-i-sarlin-od-monaka-1419351878-52720