Први знаци дека повеќе не сте вљубени

Иако можеби мислете дека преку ноќ се ќе се смени и дека повторно ќе почнете да ги чуствувате „пеперутките“ во стомакот најважно е повеќе да не се залажувате.

Ако се пронајдете себи си во овие знаци, тоа значи дека повеќе не сте вљубени и дека повеќе не ви е дојдено до партнерот.

  1. Што и да направи тој, вам ви оди на нерви.
  2. Во последно време, вие сте таа што постојано започнува да се расправа, постојано му одите контра и може да му се лутите и по неколку дена!
  3. Немате волја да седнете со него и да разговарате за тоа како ви поминал денот. Порасположени сте да излезете со пријателките на кафе и да разговарате за тоа.
  4. Повеќе не се радувате на тоа што заедно гледате филмови, вежбате, готвите, шетате и слично.
  5. Повеќе не се трудите да најдете време за него, но тоа не е проблем за другите луѓе во вашиот живот.
  6. Повеќе не слушате кога тој нешто говори, затоа што сите негови приказни ви се здодевни.
  7. Порано тој ви недостигаше штом ќе се разделевте. Сега помислатана тоа дека цел викенд ќе го поминете без него ви се чини мошне забавна и релексирачка.
  8. Сексот стана само „работа“ што мора да се сработи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.