„Првин ќе ме земеш после ќе ме…“ утревечер премиерно во Театар Комедија

Премиерата на претствата „Првин ќе ме земеш после ќе ме…“ во продукција на „Театар КРИК-Скопје“ утревечер ќе биде изведена во Театар Комедија.

Дејствието на претставата се случува овде и сега, во еден реален временски интервал, за време на едновечерна средба „на слепо“, помеѓу лекторката Кети-Мјау Соколовска и ветеринарот Ѓорѓи Мучев. …Тој, маж со неуспешен брак зад себеси, решен – никогаш повеќе да не се жени и на оваа средба гледа само како на едновечерна авантура… …Таа – девојка со веќе донесена одлука – да се мажи на оваа средба, уште истата вечер. Ваквите контра очекувања, оваа средба ја прават исполнета со многу конфликтни ситуации кои во одредени моменти водат до точка на безизлезност.

ПРЕМИЕРА ПРЕТСТАВА ТЕАТАР КРИК

По пат на гласање публиката ќе одлучува по која од понудените варијанти ќе се гради претставата, така што секоја нова реприза ќе биде по многу сцени поразлична од претходната изведба.

Режијата е на Ѓорѓи Ризески, сценографијата на Роберт Ристов, а костимографијата на Елена Лука. Играат Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Дарко Вељиќ. Продуценти на претставата се Роберт и Мирјана Ристов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.