четврток, 29 декември 2016  |  Вести денес: 0

Првиот брод со мигранти-повратници се упати од Грција кон Турција

begalci

Поврзани вести

Првиот брод со илегални мигранти, кои согласно договорот меѓу Брисел и Анкара за надминување на бегалската криза, Грција треба да ги врати во Турција, утрово отпатува од грчкиот остров Лезбос кон турскиот брег.

Претходно, стотици илегалани мигранти со автобуси беа пренесени од бегалските кампови до пристаништата во Лезбос, как и во Хиос, од каде исто така треба да отпатува брод со група мигранти кон Турција.

Како што јавија грчките медиуми, во пристаништето во Лезбос се вкотвени два турски брода, а во Хиос еден, кои чекаат да почне качувањето на мигрантите, кои се придружувани од полицајци на Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс).

Договрот за надминување на бегалската криза ЕУ и Турција го потпишаа на 18 март во Брисел и со него се предвидува Грција да има право да ги врати назад сите илегални имигранти што ќе пристигнат на нејзините осттови од турска територија.

За возврат Брисел се обврза за секој вратен илегален имигрант да прифати по еден сириски бегалец од Турција, а покрај тоа и вети на Анкара и дополнителна помош за сместување на бегалците, укинување на визниот режим за патување на турските граѓани во Унијата и забрзување на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

Најчитани вести