Првиот робот продавач отпуштен една седмица по вработувањето

Првиот во светот робот продавач познат како Pepper односно Fabio, развиен од јапонската технолошка компанија „SoftBank“ во 2015 годна, не успа да одговори на своите обврски и доби „отказ“ седум дена откако му беше доверена работата, пишува изданието Digital Trends.

Како што пишува порталот, самопослугата „Margiotta Food & Wine“ во Единбург го отстранила уредот од продавницата една седмциа откако го инсталираше, бидејќи неговото работење не одговарало на менажментот на трговскиот синџир.

Забележано е дека робото често на ја разбрал суштината на барањата на купувачите. Така, на прашањето каде може да се најде пакет млеко, одговарал со фразата „во одделот за млечните производи“ и не појаснувал каде точно тој се наоаѓа.

Покрај тоа, роботот имал и „проблеми со слухот“, бидејќи не можел да ги анализира зборовите поради буката во продавницата, а исто така и „неумесно се шегувал“.