Првиот сексуален партнер на тинејџерите наскоро може да биде робот

Тинејџерите за неколку години ќе можат да ја губат невиноста со сексуални роботи, предвидува професорот по роботика Ноел Шарки од Универзитетот во Шефилд.

Тој предупреди дека андроидните сексуални кукли би имале „уништувачки последици по општеството“.

– Не е проблем да се има секс со машина, но ако тоа е ваш првпат и ваша прва врска? Што мислите за спротивниот пол? Што е жена или маж? Тоа ќе стане составен дел од вистинскиот живот, спречувајќи ги луѓето да имаат нормални врски со луѓе, рече Шарки.

Сексуални роботи кои изгледаат како луѓе, веќе се наоѓаат на јапонскиот и американскиот пазар. Професор Шарки вели дека овие кукли не треба да се продаваат на деца под 16 години, но дека неизбежно ќе паднат во раце на тинејџерите.

– Сексуалните роботи се пристапни сега и ќе бидат уште повеќе во следните 10 години. Мислам дека ќе има возрасна граница, но ако вашите родители или некој друг близок имаат таква играчка, тогаш можат скришно да ја користат, што често се случува на тинејџерите, предупреди тој.

Роботските секси кукли моментно не се секаде достапни, а моделот на женски робот Роки се продава по цена од 8.800 евра во САД. Куклите можат да се облекуваат, а фирмата нуди различен спектар на боја на кожата, облик на лицето и боја на косата. Сепак, независните роботи кои можат „да мислат‟ и да се однесуваат како човечки суштества, се на пат на креирање.

Британската експертка за роботи Кетлин Ричардсон од Универзитетот „Де Монтфорт“ повика на забрана на увоз на сексуални кукли од овој тип во Велика Британија.

– Веруваме дека креацијата на вакви роботи би произвела штета на врските меѓу мажите и жените, возрасните и децата, мажите и мажите и жените и жените, рече Ричардсон. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.