Првиот семеен центар во Скопје помогнал на 32 семејства

Првиот семеен центар на Град Скопје, денеска одбележува една година од формирањето. Во првата година од своето работење, Центарот понудил услуги на вкупно 127 клиенти од кои 79 се жени  а останатите 48 се мажи. До сега Семејниот центар работел со 32 семејства, а индивидуално според категорија имало 52 жртви на семејно насилство, 17 сторители на семејно насилство, 30 малолетни деца, и 28 други членови на семејството кои учествувале во советувањето.

По една година од работењето на ова специјализирано советувалиште за жени и деца жртви на семено насилство и сторители на семејно насилство забележани се позитивни промени во однесувањето кај сите клиенти кои успешно го поминале психосоцијалниот третман. Кај жените жртви на семејно насилство постигнати се позитивни промени во однос на зголемена самодоверба и подобрена слика за себе, како и преземање на лична одговорност за сопствениот живот и прекинување на насилната врска, подобрено е функционирањето во заедница, првенствено со својот брачен партнер, децата и останатите членови од семејството. Кај децата кои биле индиректни или директни жртви работено е на ослободување од негативните доживувања и воспоставување соодветен емотивен однос со родителот, направено е  насочување кон детскиот аспект на игра, дружење со врсниците и  училишните обврски. Кај сторителите на семејно насилство, постигнати се позитивни промени во однесувањето, односно кај нив немало повторување на насилното однесување во следните 6 месеци по завршување на третманот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.