среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Првите бегалци пристигнаа во близина на албанската граница

Група од 162. бегалци, која тргнала од пристаништето Пиреја, синоќа пристигнале во Коница, кај грчкиот пограничен град Јанина, на 12 километри од границата со Албанија

begalcii

Последни вести

Првата поголема група бегалци пристигна блиску до албанската границата со Грција, јави дописникот на МИА од Тирана.

Група од 162. бегалци, главно семејства со деца, која тргнала од пристаништето Пиреја, синоќа пристигнале во Коница, кај грчкиот пограничен град Јанина, на 12 километри од границата со Албанија,кај преминот „Три мостови“.

Станува збор за сириски државјани, кои грчките власти ги згрижиле во гиманзиската зграда во селото.

– Автобусите со сириските бегалци пристигнале околу 19 часот и биле пречекани од локалната власт на Коница, жители на селото, како и претставници на Црвен крст. Жителите веднаш им излегле во пресрет и ги помогнале со се што можеле, храна, облека и ќебиња, јави тиранската телевизија Топ-чанел.

Албанската полиција веќе го зајакна присуството на границата со Грција, а деновиве на албанските безбедосни сили треба да им се приклучат и италијански полициски експерти.

Најчитани вести