Првите луѓе на Барселона на сослушување

Првите луѓе на Барселона на сослушување
Првите луѓе на Барселона на сослушување
Претседателот на европскиот фудбалски шампион Барселона Џозеп Бартомеу и претходникот Сандро Росел го минаа сослушувањето на судот во Мадрид.

Двајцата беа сослушани како дел на истрагата околу наводните неправилности на трансферот на Бразилецот Нејмар во клубот.

Бартомеу и Росел биле пред судијата од Националниот суд Хосе де ла Мата и наедно тој ја разгледува жалбата на инвестицискиот фонд од Бразил кој што тврди дека финансиски е оштетен.

Инвестицискиот фонд го обвини Бразилецот, неговиот татко и предводниците на Барселона за пропусти во доведување на фудбалерите.

Наводно инвестицискиот фонд е без надомест за трансферот од Сантос во 2013-та година.

Бартомеу од 2014-та година е на прв човек на Барселона, Росел отстапи поради тие обвинувања.