Првите неволји во бракот: Еве за што се скараа Севе и Игор

Иако се во брак само неколку месеци, веќе почнаа неволјите во домот на Северина и Игор, а според медиумите причините за тоа се што синот на Кеба почнал да се меша во професионалниот живот на пејачката.

Иницијалната каписла за нивната кавга бил проблемот со платежната картичка, која е на име на Северина, а што заедно ја користат. Инцидентот се случил во Хрватска, кога пејачката сакала да купи вреден подарок за пријателка и сфатила дека на картичката нема толку пари колку што и’ требале. Почнала да паничи кога излегле, а тогаш расправата добила поинаков тек, велат извори што се нашле на местото.

Северина тогаш вербално го нападна Игор затоа што сака да се меша во нејзината кариера. Велела дека луѓето од бендот и’ рекле дека почнал да се меша во менаџерската работа и дека сака да го заземе местото на нејзиниот долгогодишен менаџер. Таа му порачала дека малку повеќе се занел во својата намера и дека таа тоа нема да му го дозволи, истакнува извор близок до двојката.

Како што се шушка, Игор прво имал сериозен проблем со менаџерот на Северина кој се грижи за нејзината кариера и појавувањето во јавноста, кога се обидувал да го убеди дека и тој треба да присуствува на состанокот со сопственикот на хотелот во Германија каде Севе требало да пее.

Менаџерот на Северина Томислав Петровиќ вели дека ова се само шпекулации и дека не се вистина.

Не е вистина дека Игор сака да се занимава со кариерата на Северина и дека поради тоа дошло до кавги, тврди тој.

Дали навистина е во право или се обидува да ги скрие неволјите на брачната двојка, останува да видиме.