Првите обвиненија за злосторствата на ОВК до крајот на оваа или почетокот на следната година

Првите обвиненија пред Специјалниот суд за злосторства на ОВК се очекуваат до крајот на оваа или почетокот на следната година, пишува денеска приштинскиот весник „Зери“.

Како што се наведува Специјалниот суд за воени злосторства во текот на летово ќе вработува персонал и до крајот на годинава или почетокот на следнава ќе бидат покренати првите обвиненија против поранешни борци на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Претставници на Канцеларијата на ЕУ на Косово истакнаа дека се преземени сите логистички и административни чекори со цел Специјалните совети на судот да станат оперативни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.