сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 5

Првите поправени вагони од велешката Фабрика за шински возила се готови

veles-640x294

Поврзани вести

Од работилницата на Фабриката за шински возила „Велес“ од Велес вчера излегоа од поправка и реновирање првите пет плато-товарни вагони наменет за Македонски железници МЗ Транспорт, информира денеска директорот Борис Алчев, а пренесува МИА.

Алчев посочи дека работите на реконстрикција на товарни вагони продолжуваат и понатаму, а до крајот на неделава треба да бидат поправени и реновирани уште пет товарни вагони.

– Во наредните месеци во зависност од типот и оштетеноста на товарните вагони во нашата фабрика за поправка на вагони и возови ќе се работи континуирано и неделно ќе се реновираат и пуштаат во функција до пет вагони наменети за Македонски железници МЗ Транспорт, информира Алчев.

По едногодишно неработење Фабриката за поправка на вагони и возови „Велес“ од Велес повторно проработи, како резултат на склучениот договор со Македонски Железници  за реконструкција на 75 вагони за потребите на МЗ Транспорт при  МЖ. Исто така, во тек е и процедурата оваа фабрика по 20  години повторно да биде во состав на Македонски железници.

Најчитани вести