Првите Сиријци пристигнаа со авион во Германија од Турција

Во согласност со договорот што Европската унија го постигна со Анкара со цел спречување на неконтролираниот прилив на мигранти и бегалци во Европа денеска во Германија со авион од Истанбул пристигнаа првите сириски бегалци.

Шестнаесет сириски азиланти слетаа денеска во северниот германски град Хановер, по што ќе бидат превезени во бегалски центар оддалечен околу 140 километри, изјави претставникот на германската Федерална управа за бегалци.

Втора група Сиријци во Хановер ќе слета денеска околу пладне, изјави истиот претставник.

Во согласност со договорот меѓу Брисел и Анкара денеска во Турција исто така пристигна првиот траект со мигранти, кои Грција ги врати во Турција.