Магазин

Прво ја претепал Боби Кристина, а потоа ја убил со коктел од лекови

Прво ја претепал Боби Кристина, а потоа ја убил со коктел од лекови
Прво ја претепал Боби Кристина, а потоа ја убил со коктел од лекови

Свршеникот на покојната ќерка на Витни Хјустон, Боби Кристина Браун (22), која почина пред три месеци по неколкумесечна кома, наводно честопати ја злоставувал  и тој е виновен за нејзината смрт.

23-годишниот Ник Гордон, наводно ја сместил Боби Кристина во кадата во нејзиниот дом во Атланта , а девојката била пронајдена следниот ден во несвесна состојба. Таа беше во кома 6 месеци, а сега започнува судењето на нејзиниот свршеник.

Кобната јануарска ноќ Ник ја претепал својата тогашна девојка Боби Кристина, а потоа и вбризгал инекција со лекови. Тоа го откриваат судските документи во кои пишува дека на Ник ќе му се суди за убиство. Покојната ќерката на трагично починатата пејачка Витни Хјустон и раперот Боби Браун се жалела на своите приајтели дека Ник ја злоставува.

Тужителите тврдат дека имаат докази дека Ник често пати ја тепал и психички ја злоставувал, а сето тоа кулминирало во нивниот стан кога тој наводно бил пијан. Ник тврдел дека никогаш не ја тепал Боби Кристина и дека не е одговорен за нејзината смрт. Тој изјавил дека само се скарале таа ноќ во бањата додека Боби Кристина била во када, и дека потоа тој си заминал од нејзиниот стан.