Прво колективно отпуштање во италијанската опера

По повеќемесечни финансиски проблеми и штрајкови,операта во Рим донесе одлука да ги отпушти сите 182 членови на оркестарот и хорот.

Овие проблеми претходно резултираа и со оставка на познатиот диригент Рикардо Мурти на функцијата претседател на Римската опера.

– Колективното отпуштање на членови на оркестарот и хорот е прво во Италија, но тоа е многу често во големите европски театри, рече управникот на Операта во Рим Карло Фуортес по состанокот на Управниот одбор.

Тој прецизираше дека уметниците се повикани да формираат ново здружение кое би можело да работи со Операта во Рим од 1 јануари.