Прво место за млад пијанист од Македонија на меѓународен натпревар во Србија

Прво место на меѓународен натпревар во Србија освои младиот пијанист Петар Атанасов, ученик во четврто одделение во основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев Рале“ во Кавадарци, од класата на професор Весна Павлова.

– Тој ја освои првата награда во дисциплината клавирско соло – предкатегорија Б, на меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ во Белград, Република Србија, информира денеска Павлова за натпреварот кој се одржа во средата, пренесува МИА.

На натпреварот како што кажа таа, задолжително се изведуваа композиции од различни временски епохи.

– Петар Атанасов се претстави со три композиции и тоа од времето на барокот – Сеикас „Токата“, од класиката – В.А.Моцарт „Фачиле Соната“ и од импресионизмот – К.Дебиси – Албум за млади „Голивоговата парада на Тортата“, соопшти професорката.

Во неговата категорија се натпреваруваа 33 учесници од повеќе држави и тоа БиХ, Хрватска, Литванија, Романија, Србија и Македонија.

Петар Атанасов досега има освоено прва награда на Државниот натпревар на млади музичари „Хармонија МБ“ во 2014 година, прва награда на 4. Меѓународен натпревар на млади пијанисти во Гевгелија во 2014 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.