Прво па машко за САД

Вториот натпревар од првото коло во групата „Г”, дуелот помеѓу репрезентациите на САД и Гана, заврши со среќен триумф на претставникот на Северна Америка од 2:1.

Репрезентацијата на САД дојде во водство веќе во првата минута, со погодокот на искусниот играч за врска, Клинт Демпси.

Гана израмни во 82 минута со погодокот на Андре Ајев, но само неколку минути подоцна, во листата на стрелци се запиша централниот дефанзивец, Џон Брокс, кој влезе во игра на стратот од второто полувреме.

„Овој тим ќе се бори до последниот судиски свиреж, имаме голема амбиција, сакаме да постигнеме еден историски резултат. Добро знам дека најголемиот успех е пласман во 1/8 финалната рунда, но јас сакам да направиме најмалку уште еден чекор нанапред”, изјави селекторот на САД, Јирген Клинсман.