Прво прскање протв комарци годинава

Градот Скопје ги известува граѓаните дека првиот наврат од авионската дезинсекција против ларви од комарци во 2016 година ќе се реализира на 6 април, додека првиот наврат од терестричната дезинсекција против ларви од комарци во 2016 ќе се реализира на 7 април на подрачјето на град Скопје, односно:

1. Првиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 6 април, во период од 6 до 12 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.

2. Првиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестична) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 7 април, во период од 9 до 17 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите стоечки водени површини во градот Скопје (канали, езера во Градски парк, езеро Треска и потечението на реката Вардар).

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата против ларви од комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и соодветната терестрична дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.