Спорт

Прво се сопна Атлетико (М), потоа и Реал (М)

Прво се сопна Атлетико (М), потоа и Реал (М)

Неделните натпревари од 36. коло во шпанската Примера дивизион ќе бидат запаметени по големиот кикс на актуелниот лидер на првенствената табела, тимот на Атлетико (М), кој одигра под очекуваното ниво во можеби најважниот натпревар во актуелната сезона и сосема заслужено со 2:0 беше поразен од одличниот тим на Леванте.

Сепак, големиот кикс на популарните “јорганџии” не беше искористен од најголемиот ривал во борбата за шампионската титула, тимот на Реал (М), кој иако играше на домашен терен, на крајот освои само еден бод во дуелот со секогаш незгодниот тим на Валенсија.
Трагедијата на “Сантијаго Бернабеу” ќе беше уште поголема, доколку португалскиот интернационалец, Кристијано Роналдо, не го постигнеше израмнувачкиот погодок во 92 минута.
“Голот на Роналдо има многу големо значење. Ако не постигнеше подгок, ако не освоевме еден бод, Реал (М) ќе можеше слободно да се збогува со шампионската титула. Јас пак ќе ја повторам изјавата која ја дадов пред неколку месеци. Шампионската титула ќе биде решена во последното првенствено коло”, изјави предводникот на “кралскиот клуб”, Карло Анчелоти.
Резултати: Алмерија – Бетис 3:2, Леванте – Атлетико М. 2:0, Севилја – Вилјареал 0:0, Реал М. – Валенсија 2:2.