Македонија,Политика

Првоаприлска шега на бугарски „Фокус“: 17 пратеници на ВМРО ДПМНЕ побараа бугарски пасоши

Првоаприлска шега на бугарски „Фокус“: 17 пратеници на ВМРО ДПМНЕ побараа бугарски пасоши

Седумнаесет досегашните пратеници на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, кои не  се најдоа на новите кандидатски листи на партијата, побарале бугарско државјанство, јавува дописникот на Агенцијата „Фокус“ во македонскиот главен град, стои во првиот пасус од веста што бугарската новинска агенција ја објави денеска, а за која може да се претпостави дека е првоаприлска шега имајќи го предвид искуството од лани кога „Фокус“ објави дека тогашниот лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски аплицирал за бугарско државјанство.

Скандали и остри заемни обвинувања ги одбележаа последните часови од срочувањето на кандидаските листи на речиси политички партии, пишува „Фокус“.

Разбирливо, наведува „Фокус“ во „веста“, најголеми спротивставувања има во владејачката ВМРО ДПМНЕ, каде како што пишува „Утрински весник“, Груевски ги зачувува најблиски луѓе и ги „проветрува“ кандидатските листи.

Покрај тоа, пишува „Фокус“, раздор во партијата, кој води убедливо според анкетите, заедно со својот кандидат за втор претседателски мандат Ѓорге Иванов, исклучен е во овој момент, според македонските аналитичари.

„Фокус“ со ваква слична шега ги излажа Македонците и лани објавувајќи вест дека Црвенковски поднел документи за бугарско државјанство уште пред 2011 година, при крајот на претседателскиот мандат на тогашниот претседател на Бугарија, Ѓеорги Прванов, со кој според „Фокус“, двајцата биле доста блиски пријатели, односно, не биле блиски само по партиска линија.

Смената на претседателската администрација и крајот на мандатот на Ангел Марин како потпретседател, ја забавило целата процедура.

Како што пишуваше агенцијата, при случувањата во Македонија на 24 декември минатата година, посредниците кои ги имал Црвенковски во Бугарија започнале да инсистираат да се забрза постапката за државјанство.

Па така, според Фокус, се очекува Црвенковски да добие државјанство до крајот на годинава.

Според агенцијата, Црвенковски го бара бугарското државјанство за да се заштити од режимот на Никола Груевски.