Првоосомничениот во „Чекан“: Парите ги заработив со чесна работа во странство

Првоосомничениот во акцијата „Чекан“, Фадил Арслани, по кој полицијата се’ уште трага, преку Шкипмедиа вели дека е чесен човек и дека парите не ги заработил со криминал, туку со чесна работа во странство.

werwe231

„Не се занимавам со нелегални работи. Работам во Швајцарија и имам месечна пензија од 5.000 швајцарски франци. Добив надомест од 300.000 франци од Швајцарија и со нив можам да градам куќи и да купувам автомобили секоја година“ вели тој.

Полицијата завчера во акцијата Чекан приведе 15 лица а по четворица меѓу кои и Арслани се’ уште трага. Меѓу осомничените има и адвокати и извршител од Скојпе. Сите се сомничат за злосторничко здружување, лихварство, изнуда и фалсификување исправи.