Првото бебе родено во новата година е девојче

Првото бебе родено во оваа година е трето дете во семејството Лазарови.

Женското бебе е родено во 00,01 минута во Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје.

Тешко е 3 килограми и 550 грама  и  долго 51 сантиметри, од мајка Оливера Лазарова , на која ова  и е трето дете .

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, како што е најавено, ќе ги посети мајката и бебет, а не првороденчето ќе му подари штедна книшка и други пригодни подароци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.