Првото бебе во 2014 машко

Првото бебе – машко во 2014 година е родено само една минута по полноќ во Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје.

Бебето е тешко три килограми и 450 грама и долго 50 сантиметри, од мајка Олја Чолакова, родена 1987 година, на која ова и е второ дете.

Мајката и бебето денеска во 12 часот ќе ги посети градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. На првороденчето, градоначалникот Трајановски ќе му подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.