Првото обраќање до нацијата на Трамп во сенка на правописна грешка

На поканите за првиот говор на Доналд Трамп во својство на американски претседател наместо „унија“ стои „умија“, што предизвика шеговити комнтари.

На влезниците печатени за пратениците во двата дома на Конгресот кои во вторникот вечерта ќе присуствуваат на првиот говор на претседателот Доналд Трамп за состојбата на нацијата се поткраднала мала печатна гршака, на англискиот збор „union“ е отпечатена како „uniom“.

„Би се рекло дека Бетси ДеВос била одговорна за правописот“, напиша на Twitter демократскиот пратеник Раул Мануел Грихалва, алудирајќи на министерката за образование.

Инаку богаташката ДеВос, којашто Трамп ја избра за министерка за образование, жестоко е критикувана за наводно непознавање на материјата со којашто треба да се занимава, но овојпат за пропустот виновен е човекот здолжен за протоколот и безбедноста во Претставничкиот дом.

„Има една грешка на поканата“, потврдил портпаролот и појаснил дека „грешката веднаш е исправена и сега се делат поправените покани“.

Сепка, тоа е предоцна за да се спречат саркастичните коментари. „Брзам на говорот за Умијата утре“, твиташе републиканскиот сенатор Марко Рубио.

Доналд Трамп повеќепати беше критикуван за правописни грешки забележани на неговата омилена социјална мрежа Twitter. Така, додека се’ уште беше избран претседател и ја очекуваше церемонијата на свечената обврска, англискиот збор „unprecedented“ што значи „без преседан“, погрешно ја истипкал како „unpresidented“, што во слободното толкување во американски стил може да се преведе како „без преседател“.