Свет

Првпат во историјата не е забележан пораст на емисијата на штетни гасови

Првпат во историјата не е забележан пораст на емисијата на штетни гасови

Емисијата на штетни гасови минатата година стагнира. Првпат во последните 40 години не е забележан раст на испуштање на јаглерод диоксид во атмосферата во година кога во светот немаше поголема економска криза, пренесува МИА.

– Количината на јаглерод диоксид испуштен во атмосферата во 2014 година изнесува 32 гигатони, исто како и годината претходно. Сепак, тоа не е причина да станеме невнимателни и важно е и понатаму се да правиме да се намали загадувањето на атмосферата, соопшти Светската енергетска агенција.

Стагнацијата на испуштање на ЦО2 експертите го објаснуваат со промена на видот на енергија што го користат Кина и земјите на Органзиацијата за еконоска соработка и развој.