Првпат жена поставена за командант на НАТО во Неапол

Жена за прв пат е поствена за командант на Воената команда на НАТО во Неапол.

Афроамериканка Мишел Хауард (56) го замени на функцијата американскиот адмирал Марк Фергусон. Церемонијата на примопредавањето се одржа во базата на НАТО близу Неапол, во присуство на претставници на 28-те земји членки на алијансата.

Досега, адмирал Мишел Хауард беше заменичка на раководителот на поморските операции на американската флота. Во 1999 г. таа стана првата Афроамериканка назначена за командант на американски воен брод.