Со PS точката до оргазам како никогаш досега

Овој пат тоа е точката PS, која што го продолжува траењето на оргазмот и го прави далеку поинтензивен.

PS e скратеница од „perineal sponge“ или местото кое се наоѓа помеѓу вагината и анусот. Се состои од чувствително сунѓересто ткиво, слично на она од што е изграден пенисот. Кога ја стимулирате оваа точка, ткивото се возбудува и станува потврдо.

Стимулацијата може да се изврши со помош на благ притисок со прстите или со движења напред – назад од вагината кон анусот и обратно. Доколку сакате да ја стимулирате за време на односот, најдобро е да практикувате мисионерска или кучешка поза.