ФОТО: Психијатриски случај нападнал присутни граѓани на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Центар

Лице со психијатриско досие нападноло присутни на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во скопската општина Центар.

Напаѓачот со спреј солзацец ги испрскал луѓето кои биле околу бината каде се одржувал митингот.

Сомневањата се дека тоа лице било наведено да предизвика инцидент, а се претпоставува дека наведуваччите ја искористиле неговата ментална состојба.

Обезбедувањето го совладало лицето и истото било предадено на полицијата на понатамошно постапување.

Очевидци тврдат дека лицето имало прецизна задача и дејствувало инструирано во предизвикување на инцидент.