среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 18

ПССЕ: Изборите на 5-ти јуни треба да се одржат

Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која вчера и завчера (26-ти и 27 април) беше во Скопје со цел да направи проценка за предизборната атмосфера на предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни, се огласи со соопштение .

nikolovski-vo-psse-zaev-so-nelegalni-prislushuvani-materijali-predizvika-politicka-kriza copy

Поврзани вести

Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која вчера и завчера (26-ти и 27 април) беше во Скопје со цел да направи проценка за предизборната атмосфера на предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни, се огласи со соопштение во кое се повикуваат сите политички сили од Македонија да покажат одговорност кон изборите и да го спроведат договорот од Пржино, пренсува дописникот на МИА од Стразбур.

Делегацијата, предводена од Стефан Шенах (Австрија, СП) потсети дека предвремените парламентарни избори беа свикани во рамките на спроведувањето на договорот од Пржино за кој посредуваше ЕУ со цел да и се стави крај на политичката криза што следеше по претседателските и на почетокот на парламентарните избори во април 2014. Главната опозициска партија ги оспори резултатите од изборите и го бојкотираше парламентот до септември 2015 година, се вели во соопштението на ПССЕ.

Делегацијата забележа дека предизборната кампања е одбележена со долготрајните спорни прашања, како што се точноста на избирачкиот список и медиумските реформи. Таа, исто така, забележува дека климата значително се влоши по одлука на претседателот на Републиката да помилува 56 лица, меѓу кои и лица гонети од страна на специјалниот обвинител определен со договорот Пржино да ги испита овие сериозни обвинувања – вклучувајќи ги и изборните измами – содржани во бесправно снимените разговори објавени од опозицијата. Оваа одлука предизвикало големи улични протести, зголемена поларизација во општеството и сериозно ја поткопуваат работата на специјалниот обвинител. Делегацијата побара од македонските власти да се најде начин за отповикување на помилувањето од претседателот, колку што е можно поскоро.

Делегацијата беше свесна дека сите политички партии, првично, споделуваа исто мислење дека предвремени избори ќе бидат единствениот начин за решавање на тековната политичка криза. И затоа жали за одлуката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) за бојкот на изборите и изрази загриженост поради позиција на албанските партии ДУИ и ДПА кои размислуваат за бојкот на изборите. Делегацијата на ПССЕ ја потврди позицијата дека бојкотот на изборите не е конструктивен пристап за добро владеење и е во спротивност со правилата на демократијата.

Делегацијата понатаму, според соопштението на ПССЕ, изрази сериозна загриженост за точноста на избирачкиот список, што е од суштинско значење за да се врати довербата на јавноста во изборниот процес. Таа ја забележа загриженоста на партите за медиумското покривање на кампањата, ова и покрај неодамнешните промени во изборниот законик. Таа исто така смета дека се потребни да се преземат конкретни мерки за одделување на државните и партиските активности, за да се спречи заплашување на гласачите. Злоупотребата на административните ресурси – прашања покренати од страна на ПССЕ во претходно набљудуваните избори – што беше исто така предмет на загриженост на делегацијата.

Делегацијата ги повикува сите страни целосно да го спроведат договорот од Пржино, кој нуди пат за да ја извлече земјата од кризата и кој на долгорочен план нуди системски решенија. Таа повика да се постигне политички договор за да се обезбеди непречено изборната кампања, за да покаже одговорност и отчетност во намалување на тензиите во општеството, во интерес на граѓаните, а за доброто на стабилноста на земјата.

Делегацијата со задоволство забележа дека демонстрациите, во кои учествуваат, меѓу другото, студентски организации, заедно со невладините организации, не резултира со сериозни судири, било со полицијата или со истовремените контра демонстрации.

Делегацијата ги повика властите да направат се што е во нивна моќ за да им се овозможи на политичките партии да се соберат во кампањата на мирен начин.

Предизборната делегација на ПССЕ беше во Скопје на покана на претседателот на Собранието на Република Македонија. Делегацијата во која покрај Шенах се наоѓаат уште шест други негови членови: Франк Ј.Јенсен од Норвешка (Народни парти), Еерик-Ниелс Крос (Естонија- Либерали), Том Пакален (Финска), Андреј Хунко (Германија, Обединета левица). Лис Кристоферсен (Ноорвешка, социјјаситичка група) и Валериу Гилетчи (Молдава, Народни партии), имаа средби со претседатеот на Собранието и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, како и средби со претставниците на политичките партии кои учествуваат во изборите, претседателот и членовите на ДИК, Јавниот обвинител, како и со членовите на дипломасткиот кор и претставниците на меѓународните организации, граѓанското општество и медиумите.

За изборите за јуни ПССЕ ќе испрати 22-члена делегација за набљудување на гласањето.

Најчитани вести