ПСЖ есенски првак, пресврт на Монако

Пари Сен Жермен ја обезбеди титулата есенски првак откако во 17-то коло од Француската лига на домашен терен го совлада Лил со 3:1.

По двата врзани пораза во домашното првенство неочекуваниот од слабиот Стразбур и во Лигата на шампионите од Баерн Минхен, ПСЖ конечно славеше над Лил. Головите ги постигнаа Анхел Ди Марија во 28, Хавиер Пасторе во 49 и Килиан М’бапе во третата минута од судиското продолжување за домашните, а гостите намалија во 86 минута преку Анвар Ел Гази.

ПСЖ има девет бодови предност пред Монако, кој во саботата со голем пресврт дома ја совлада Троа со 3:2. Гостите водеа со 2:0, со головите на корејскиот напаѓач Хијун Џун, во 25 и 50 минута. Но тимот од Кнежевството чудесно се врати во натпреварот во последните 20 минута, откако во 70 минута автогол си постигна Матје Депање, а потоа во 85 и 88 минута погоди Гвидо Кариљо.

Тулуз со автоголот на Дамиен Да Силва во 61 минута и прецизно изведениот пенал во 74 минута од Макс Гардел со 2:0 го совлада Каен. Мец и Стад Рен одиграа 1:1, а стрелци беа Флорен Моје во 41 минута за домашните и Н’домбе Мубеле во 86 минута за гостите. Гингамп со 4:0 го совлада Дижон. Стрелци беа Џими Брианд во 37, Јанис Салибур во 40 , Маркус Коко во 9 и Кристоф Кербра во 66 минутафра