ПСЖ го врати Стамбули во Лига 1

Стамбули се врати во Лига 1 - ќе игра во ПСЖ

24-годишниот фудбалер вчера ги мина медицинските прегледи по што трансферот беше реализиран во целост, а ќе трае до 2020 година.

Стамбули на Вајт Харт Лејн пристигна минатата сезона од Монпелје за сума од 4,7 милиони фунти, но не успеа да се избори за првотимски статус покрај Набил Бенталеб и Рајан Мејсон, поради што имаше само 12 настапи за време на неговиот престој во Тотенхем.

Токму ПСЖ ја искористи таа ситуација и за сума од 6 милиони фунти го врати во Лига 1, на големо задоволство на самиот фудбалер.

„Горд сум што ќе станам дел од фамилијата ПСЖ. Иако не планирав да ја напуштам Премиер лигата по секоја цена, сепак кога клуб како ПСЖ ќе покаже интерес за вас, во целост ви го олеснува изборот“, изјави Стамбули за официјалната страна на францускиот шампион.