ПСЖ може да биде исфрлен од Лигата на шампионите

Европската фудбалска федерација го предупредила Пари Сен Жермен дека ќе му биде забранет настап во Лигата на шампионите следната сезона, без разлика дали францускиот тим ќе се квалификува во елитното натпреварување, објавија дел од француските медиуми.

Овој чекор УЕФА го презела по зачестените жалби за кршење на финансискиот фер-плеј кои ги упатија другите европски екипи претенденти за трофејот од елитното натпреварување.

ПСЖ во летниот преоден рок, покрај останатите, го реализира и најскапиот трансфер во историјата на фудбалот со платени рекордни 222 милиони евра за Нејмар.

Сопственикот и претседател на клубот Насер Ал-Келаифи во неколку наврати изјавуваше дека клубот ги почитува правилата на УЕФА, но последното предупредување го сфатил сериозно и најавил продажба на неколку фудбалери за да бидат запазени условите за финансискиот фер-плеј.

Се шпекулира дека на крајот на сезоната на трансфер листата ќе бидат ставени Ди Марија, Дракслер, Бен Афра и уште неколку други играчи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.