ПСЖ: Нејмар останува, пишувањата за заминување во Реал се непријателски спин

Иако шпанските медиуми зачестено во последно време пишуваат дека 26-годишниот бразилски напаѓач Нејмар им најавил на челниците на Пари Сен Жермен дека ова лето ќе се пресели во Реал Мадрид, во францускиот клуб се подготвени за борба бидејќи сакаат да го задржат најскапиот фудбалер на светот.

Шпанските медиуми неодамна објавија дека претседателот на мадридски Реал, Флорентино Перез на 13-ти мај се сретнал со менаџерот на Нејмар, Пини Зајави, а ден потоа и со адвокатот на Бразилецот.

Нејмар минатото лето мина од Барселона во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра и договорот со францускиот шампион го врзува до летото 2020 годна.

Сопственикот на ПСЖ, Насер ал-Келаифи, го оцени пишувањето на шпанските медиуми како непријателски спин, и е убеден дека бразилскиот фудбалер ќе остане во сегашниот клуб.

„Кој вели дека Нејмар ќе замине? Никој, нема таков. Тој има договор со нас и сигурно останува во ПСЖ. Шпанските медиуми работата за шпанските клубови, а против француските клубови. А што се однесува до француските медиуми, не ми е познато за кого тие работат“, изјави сопственикот на париските „светци“.

И минатото лето кога медиумите пишуваа за тоа дека Нејмар ќе потпише за ПСЖ, во Барселона ја смируваа ситуацијата тврдејќи дека во тоа нема ни ронка вистина. Меѓутоа, кога трансферот беше остварен со исполнување на тогаш вртоглавата откупна клаузула, Каталонците останаа шокиран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.