Спорт

ПСЖ по 12-ти пат го освои Купот на Франција

ПСЖ по 12-ти пат го освои Купот на Франција

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа третолигашот Лезарбие со 2:0 (1:0) во финалето на Купот на Франција и по рекорден 12-ти пат го подигнаа победничкиот пехар.

Иако ја има улогата на тежок аутсајдер, екипата на Лезарбие добро се држеше во финалниот дуел одигран на „Стад де Франс“ во Париз. Меѓутоа, одбраната не успеа да издржи без да прими погодок, иако голманот Пишо ги бранеше бројните удари кон неговата мрежа.

Сепак, во 26 минута го совлада Аргентинецот Ло Селско со прецизен удар од работ на казнениот простор, На почетокот од второто полувреме Килиан Мбапе постигна погодок, но беше поништен од судијата по видео проверката поради играње со рака.

Во 73 минута Пишо мораше да го собори Единсон Кавани во шанса за погодок, а Уругваецот од казнениот удар го постави конечниот резултат 2:0.

За Лезарбие ова финале е најголемиот успех во клупската историја, а клубот кој во доигрувањето ќе се бори за опстанок во третата француска лига, ова лето ќе биде претставник на Франција во квалификациите за Европската лига.