ПСЖ е првиот финалист во Купот на Франција

ПСЖ е првиот тим кој успеа да се пласира во финалето во Купот на Франција.

“Светците” славеа на гостувањето против Лил со 0:1, а мечот го реши левоногиот бек Максвел, кој погоди во 27-та минута и обезбеди финале за својот тим.

Во вториот полуфинален натпревар се среќаваат Монако и Бастија, а натпреварот е закажан за вечерва од 21:00 часот.

Тимот од Париз го брани трофејот во Лига Купот освоен со победата над Олимпик Лион минатата сезона на “Сент Дени”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.