ПСЖ фаворит и во Лион

Само еден погодок кој заврши во домашната мрежа, беше постигнат на најинтересниот саботен натпревар од 33. коло во француската Прва лига, дуелот помеѓу екипите на Рен и Монако.

Погодокот вреден три бода, постигнат во 55 минута беше дело на повремениот репрезентативец на Франција, Емануел Ривиере.

Денеска најголемо внимание ќе привлечи дерби натпреварот на „Стад Жерланд”, дуелот помеѓу вечните ривали, Олимпик од Лион и ПСЖ.

За разлика од гостинот, кој е на само еден чекор од најавената одбрана на шампионската титула, домаќинот се уште се бори за третата позиција на табелата, која гарантира настап во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.

Поради незгодната повреда која ја заработи на првиот 1/4 финален натпревар од Лигата на шампиони, против екипата на Челзи, најголемата ѕвезда во дресот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ и овој дерби натпревар ќе го следи од свечената ложа.

Резултати: Лил – Валенсијен 1:0, Ајачио – Бордо 1:1, Евијан – Бастија 2:1, Ница – Лориен 1:2, Рен – Монако 0:1, Сошо – Тулуз 2:0.

Денеска на програмата: Нант – Генгамп, Римс – Сент Етјен, Лион – ПСЖ.