ПСЖ го преслуша и Лориент

Со минималниот триумф на гостувањето во Лориент, лидерот во француската Прва лига, тимот на ПСЖ, направи уште еден голем чекор кон планираната одбрана на шампионската титула. Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 41 минута, беше дело на репрезентативецот на Италија, Тиаго Мота.

Од денешните натпревари, убедливо најголемо внимание ќе привлечи пресметката на “Велодром”, помеѓу екипите на Олимпик од Марсеј и Рен.Домаќинот има обврска да ги освои сите три бода, затоа што само така ќе остане во игра за третата позиција на табелата која гарантира настап во последното квалификациско коло од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Денеска на програмата: Бастија – Римс, Бордо – Ница, Марсеј – Рен, Нант – Монпеље, Тулуз – Евијан, Валенсијен – Ајачио.