ПСЖ игра за шампионска титула

Како и што се очекуваше, фенерџијата на првенствената табела, тимот на Ајачио не се покажа како посериозна пречка за фудбалерите на Монако кои со убедливата победа од 4:1 на најдобар можен начин ја оправдаа фаворитската улога во првенствениот натпревар од 35. коло во француската Прва лига.

Фудбалерите на ПСЖ ќе ја исполнат зацртаната цел, ќе ја одбранат шампионската титула доколку денеска забележат триумф во првенствениот дуел против екипата на Сошо која пак грчевито се бори за опстанок во елитното друштво.
Резултати: Нант – Марсеј 1:1, Ајачио – Монако 1:4, Евијан – Сент Етјен 1:2, Генгамп – Валенсиен 1:0, Монпеље – Тулуз 2:1, Ница – Римс 1:0, Рен – Лориен 1:1.

Денеска на програмата: Сошо – ПСЖ, Лион – Бастија, Лил – Бордо.