ПСЖ ќе одвои 25 мил. евра за Дани Алвеш

Амбициозните сопственици на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, веќе не кријат дека ќе потрошат сериозна парична сума за неколку засилувања кои ќе пристигнат на “Паркот на Принцовите” за време на летниот преоден рок.

Француските медиуми се убедени дека инвеститорите од Катар ќе потрошат околу 150 мил. евра за новите засилувања, а на списокот со фудбалери, кои важат за голема желба на актуелниот предводник на “светците”, Лорен Блан, може да се прочита и името на бразилскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Дани Алевш.

Офанзивниот десен бек веќе има изјавено дека не планира својата богата фудбалска кариера да ја заврши на “Ноу Камп” и има додадено дека му се допаѓа идеата да игра за најпознатиот клуб од Франција.
Челниците на ПСЖ се убедени дека се потребни околу 25 мил. евра за да се осигураат услугите на Алвеш кој повтроно ќе добиеш шанса да соработува со најголемата ѕвезда во дресот на францускиот клуб, шведскиот интернационалец, Златан Ибрахимовиќ.