ПСЖ ќе се задоволи само со финале во ЛШ

Амбициозниот тренер на актуелниот шампион на Франција, ПСЖ, Лорен Блан откри дека сака неговиот тим да биде дел од финалниот натпревар во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

“Имаме неколку приоритети кога е во прашање актуелната сезона. Прво сакаме да ги добиеме сите натпревари во националниот шампионат. Сакаме максимален број на бодови, но тоа не значи дека ние не ги почитуваме нашите противници. Пред да почне новата сезона во Лигата на шампиони, мислевме дека ќе бидеме задоволни ако го повториме успехот од претходната сезона. Сега имаме нов приоритет, сега сакаме да бидеме дел од финалниот натпревар во Лигата на шампиони, сакаме да бидеме дел од самиот врв, ПСЖ да биде најдобриот клуб во целиот свет”, изјави Блан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.