ПСЖ ќе запише нови три бода

Сигурен триумф од 3:1 во дуелот против фенерџијата на првенствената табела, тимот на Ајачио, забележа екипата на Олимпик од Марсеј.Освен по заслужената победа на домаќинот, премиерниот натпревар од 32. коло во француската Прва лига, ќе биде запаметен и по маестралната партија на сенегалскиот интернационалец, Андре Ајев кој ги постигна сите три погодоци за својот тим.

Иако важи за максимално незгоден противник, новајлијата во елитното друштво, тимот на Римс, не би требало да се покаже како некоја посериозна пречка за актуелниот шампион и лидер на првенствената табела, екипата на ПСЖ.

Најголемата ѕвезда во дресот на ПСЖ, шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ нема да биде во комбинација за овој првенствен дуел поради повредата која ја заработи во првиот 1/4 финален дуел од ЛШ.
Клупските челници на актуелниот шампион на Франција и официјално потврдија дека Ибракадабра ќе мора да мирува во следните четри недели.
Денеска на програмата: Тулуз – Лил, Лориен – Евијан, Генгамп – Монпеље, Бордо – Рен, Бастија – Сошо, ПСЖ – Римс.