ПСЖ конечно победоносно во Скопје

Изостана сензацијата во Скопје на премиерата на ЛШ. Пари Сен Жермен го совлада Металург со пет гола разлика, но македонскиот првак беше рамноправен противник сé до последните десетина минути.

Иако немаше кренати раце во знак на триумф по звукот на сирената која го означи крајот на натпреварот меѓу Металург и ПСЖ, сепак не изостана громогласниот аплауз со кој гледачите им отпоздравија на ракометарите на македонскиот првак за жестоката битка која ја пружија на теренот. Резултатот овој пат заврши во полза на францускиот тим, ова беше нивна прва победа во Скопје, извојувана на третото гостување.

Можеби ПСЖ победи, но не воодушеви со играта. Сите очекуваа многу повеќе од играчите кои се наоѓаат во ростерот на францускиот гигант, но ништо од тоа. Беа „печени“ за нов пораз, но овој пат Металург не беше на висината на задачата. Малку недостигаше, можеби со Вугринец во тимот и со поквалитетни судии на теренот ќе беше поинаку, а можеби со Мојсоски во форма и расположен Атман ќе се пееше друга песна.

МЕТАЛУРГ – ПСЖ 22:27 (11:11)
СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 7.000

ЛИГА НА ШАМПИОНИ (М)
ГРУПНА ФАЗА
РЕЗУЛТАТИ, 1. КОЛО
ГРУПА „А“
МЕТАЛУРГ – ПСЖ 22.27
Ла Риоха – БГК Мешков 39:31
ППД – Кил 27:25
ГРУПА „Б“
Висла Плоцк – Бешикташ 28:19
КИФ Колдинг – Флензбург 35:21
Алингсас – Барселона 28:38
ГРУПА „Ц“
Ч. Медведи – Веспрем 32:37
ЦЕЛЈЕ – ВАРДАР 26:27
Рајн Некар – Монпеље 35:24
ГРУПА „Д“
К. Шафхаузен – Киелце 28:33
Данкерк – Алборг 21:26
Пик Сегед – Мотор Запорожје 27:26