ПСЖ не го продава Едисон Кавани

Насер Ал-Келаифи, претседателот на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, повторно е во центарот на фудбалското внимание но сега со изјавата дека популарните „светци” нема да прифатат ниту една понуда која е наменета за најскапата аквизиција во клупската историја, уругвајскиот интернационалец, Единсон Кавани.

„Мислам дека не е задоволен од позицијата на која игра, но знам дека Кавани е многу среќен во Париз и е среќен што го носи дресот на ПСЖ. Знам дека сака да игра како централен напаѓач, ја сака таа позиција, но во овој клуб, тренерот секогаш го има последниот збор. Блан ќе каже кој ќе игра како централен напаѓач, а кој како крилен. Можно е нашиот тренер да примени нов систем на игра во новата клупска сезона. Кавани е од голема важност за ПСЖ, ни одговара неговиот стил на игра. Репрезентативецот на Уругвај нема да биде продаден за време на летниот преоден рок, нема да прифатиме ниту една понуда за неговите услуги”, изјави Ал-Келаифи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.