ПСЖ не може да одвои 250 милиони евра за обештетувањето на Меси

Претседателот на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека „светците” не се толку моќни за да ги осигураат и услугите на најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси.

„Меси е фантастичен фудбалер. Пред неколку дена, во францускиот весник “Ле Екип” прочитав дека Меси ќе биде следната аквизиција на ПСЖ. Тоа е можно, само ако “Ле Екип” го плати обештетувањето за Меси, ако “Ле Екип” постигне договор околу платата на Меси и ако го донесе во Париз. Дали има и најмала шанса, големиот сон, Меси да биде дел од ПСЖ? Не, ПСЖ никогаш нема да го купи фудбалерот на Барселона. Ако немаше некаков лимит, тогаш сигурно ќе го купевме и Меси. Нема да се пресели во Париз. И ПСЖ има свој лимит, а јас сум презадоволен од тие фудбалери кои ги имам на располагање. Најдобрите фудбалери веќе го носат дресот на ПСЖ, изјави Насер Ал-Келаифи.