Спорт

ПСЖ подготвува понуда за Оскар и Давид Луиз

ПСЖ подготвува понуда за Оскар и Давид Луиз

Предводникот на старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Лорен Блан потврди дека сака во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на бразилските интернационалци од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Оскар и Давид Луиз.

“Точно дека имаме проблем со Финансискиот Фер-Плеј, но јас сум убеден дека ќе составиме добар, победнички тим и за новата сезона. Веќе го составив списокот со потенциални засилувања. Знам на кои позиции имам потреба од нов фудбалер. Давид Луиз и Оскар се многу добри фудбалери. Нормално дека сме заинтересирани за нивните услуги”, изјави Блан.