ПСЖ само на сон ќе го добие Еден Азард

Најдобриот фудбалер во дресот на лондонскиот премиерлигаш Чезли, белгискиот интернационалец Еден Азард потврди дека е запознаен со новинарската шпекулација дека важи за најголема желба на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, но додаде дека не е заинтересиран за некаква промена на клупската средина.

„Убаво е да прочиташ една таква информација, дека сум желба на ПСЖ, но јас не се замарам со таквите новинарски шпекулации. Не ми е важно што ПСЖ има покажано интерес за моите услуги. Не сакам да си заминам од “Стемфорд Бриџ”, во ниту еден момент не сум помисли на промена на клупската средина. Добро знам што сакам во мојата кариера и никој не може да влијае врз таа одлука. Сакам да бидам најдобар фудбалер во дресот на Чезли, сакам да сум дел од клупската историја. Многу научив од Лампард, Тери, Чех и Самуел и знам се што постигнале во нивните кариери. Затоа сакам да останам во редовите на Чезли, знам дека најдобрите години се пред мене”, изјави Азард.