ПСЖ се прошета низ Бастија, Лион гостува во Бордо

Ниту новајлијата во елитното друштво, тимот на Бастија, не се покажа како посериозна пречка за актуелниот шампион и лидер во француската Прва лига, екипата на ПСЖ.

Избраниците на Лорен Блан одиграа уште еден совршен натпревар и без многу мака забележаа убедлива победа од 3:0.

Првиот погодок на натпреварот беше дело на шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ, а два погодока постигна репрезентативецот на Аргентина, Езекел Лавеци.

Нови три бода на своето конто запишаа и фудбалерите на Монако кои ја искористија предноста на домашниот терен и забележаа минимална победа од 2:1, над гостинскиот тим на Сошо.

Денеска ќе се одиграат последните три натпревари од новото, 28. коло од француската Прва лига, а најголема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува на дуелот помеѓу екипите на Бордо и Олимпик од Лион.

Резултати: Бастија – ПСЖ 0:3, Генгамп – Евијан 0:1, Монако – Сошо 2:1, Нант – Ајачио 2:2, Тулуз – Римс 3:2, Валенсијен – Рен 2:1.

Денеска на програмата: Лил – Монпеље, Лориен – Сент Етјен, Бордо – Лион.