ПСЖ со одлични фудбалери, Лавеци сигурен

Првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер ал Келаифи, изјави дека е задоволен од ефектот на фудбалерот на овој клуб Езекил Лавеци.

Токму поради тоа фудбалскиот репрезентативец на Аргентина и оваа натпреварувачка кампања ќе настапува за шампионот на Франција.

Тимот на Интер беше заинтересиран околу Лавеци, но парижаните го почитуваат богатиот договор со фудбалерот.

„Лавеци е сигурен во ПСЖ. Фудбалерите се одлични. Ќе ги почитуваме договорите. Може да настапуваат за најквалитетниот состав во Франција“, вели челникот на клубот.

Аргентинецот можеше да се пресели на „Џузепе Меаца“, пред се поради тренерот на италијанскиот тим, Валтер Мацари, со кој што соработуваше во Наполи, заедно и со македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев.

Лавеци во Градот на светлината дојде за 27 милиони евра и на 94 натпревари постигна 23 погодоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.